Повеќе од 40 жени од БиХ сè уште се наоѓаат во бегалските логори во Сирија, по падот на терористичката организација Исламска држава во земјата, пренесува „Дневни аваз“.

Неодамна, шест жени и дванаесет деца беа депортирани во БиХ со група составена од седум членови на Исламска држава, но уште десетици деца чекаат депортација.

Според неофицијалните информации во овој весник, меѓу нив има десетина тинејџери од 14 до 16 години.

извор: Makfax