Над 20.000 граѓани вечерва му пратија масовна порака на Заев дека тој е виновен за состојбата и неправдите кои ги живее македонскиот народ. Тие порачаа дека им е доста од „Луј Витон“ судство и селективна правда.

Граѓаните се револтирани од договорите кои лидерот на СДСМ ги прави за носење на судски одлуки и постапки на СЈО, кои истите можеа да се слушнат во бомбите кои пратеникот Милошоски денеска ги предаде во обвинителството.