Повеќе од 7,3 милиони руски граѓани досега се вакцинирани против грип, објави Руската федерална служба за контрола на заштитата на правата на потрошувачите и здравјето на луѓето.

„Вакцинацијата против грип се спроведува во сите составни единици на Русија. До денес, 7,3 милиони луѓе во Русија се вакцинирани против грип, што е пет проценти од населението“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Вакцинацијата против грип е најдобриот начин да се спречи оваа болест. Оптималното време за оваа вакцинација е периодот од септември до ноември.

извор: Makfax