Француската јавна поддршка за повторно воведување на смртна казна се зголеми во 2020 година, покажува анкетата според која 55 отсто од жителите на Франција сакаат враќање на смртната казна.

Податоците доаѓаат од годишното истражување на Ипсос / Сопра Стериа за фондацијата „Жан Жоре“ и институтот „Монтењ“ насловено „Француски скршеници“ и покажуваат огромен наплив на поддршка за смртната казна низ целиот политички спектар во 2020 година.

Највисоката стапка на поддршка за смртната казна од 85 отсто доаѓа од приврзаниците на популистичкиот Национален митинг (РН) на поранешната претседателска кандидатка Марин ле Пен, што претставува зголемување во споредба со 82 отсто во 2019 година.

Десниот центар „Ле републиканс“ (LЛР), забележа многу поголемо зголемување на поддршката од само 48 отсто во 2019 година на 71 отсто во 2020 година.

Најголем пораст на поддршката, сепак, дојде од крајната левица „Франс Инсумиз“ (ФИ), предводена од Жан-Лик Меленшон и од Комунистичката партија. Во 2019 година само осум отсто од приврзаниците на екстремно левичарските партии ја поддржаа смртната казна, бројка што се зголеми на 39 отсто оваа година.

Последниот голем бран поддршка на смртната казна се случи во 2015 година кога Франција го прежувеа смртоносниот терористички напад на „Шарли ебдо“ во јануари и нападите на ноќниот клуб „Батаклан“ подоцна истата година во ноември. Пред 2020 година, 2015 и 2018 година беа единствените во кои мнозинството Французи сакаа да се врати смртната казна.

Во Велика Британија во 2019 година, анкета на YouGov покажа дека мнозинството Британци поддржуваат смртна казна за сериозни злосторства, како што се повеќе убиства, убиства за време на терористички акт и убиство на дете. Но додека британската јавност поддржува смртна казна за терористите, британското судство спаси двајца британски терористи од смртна казна.

Минатиот месец, американскиот државен јавен обвинител Вилијам Бар беше принуден да вети дека нема да бара смртна казна против двајца џелати на Исламска држава, одговорни за смртта на американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф, заедно со хуманитарните работници Питер Касиг и Кајла Милер.

Судиите во Велика Британија им наредија на британските власти да не ги екстрадираат т.н. „Битлси“, Александа Коти и Ел Шафи Елшеик, ако тие ризикуваат смртна казна во САД.

извор: Makfax