Повеќето од оние што загинаа во пожарот во рускиот авион „сухој-суперџет-100″, кој се урна на московскиот аеродром „Шереметјево“ во неделата вечерта, се задушиле од чадот, изјавил за ТАСС извор од полицијата.

„Поголемиот дел од патниците кои не успеаја да излезат од авионот се задушиле од чадот,” вели изворот.

Исто така, повеќето од оние што загинале се здобиле со сериозни згореници.

„Причините за смртта во авионот ќе бидат утврдени со форензички преглед. Во овој момент изгледа дека повеќето патници починале од труење”, додаде изворот.

Вкупно 41 жртви загинаа во пожарот во авионотсо 78 патници кој се урна на „Шереметјево“ во Москва.

извор: Makfax