Кратенката ГПС (Глобал Поситионинг Сѕстем) во превод значи глобален ситем за позиционирање. Тоа значи дека ГПС-уредот може во секое време или место и на било какви временски услови да ја определи положбата на корисникот, а со тоа може да се сними неговото движење или да се движи по претходно снимена патека. ГПС системот се состои од 24 сателити, кои кружат околу земјината топка и го праќаат сигналот до ГПС-уредите, кои ги поседува обичниот корисник. Бидејќи сателитите слободно се движат по одредена патека по инерција во геосинхрони орбити, на земјата постојат контролни станици кои ја контролираат позицијата на сателитите. Системот за контрола се состои од: 1 една главна станица (Сцхриевер Аир Форце Басе во близина на Колорадо Спрингс – Колорадо) и 2 пет други земни помошни станици распоредени на земјината топка. Првобитно овој систем е конструиран за потребите на американската армија. Првиот сателит е лансиран во 1978. Значи од тогаш, па до 2000 година не ја добива правата употреба за обичниот корисник. До 2000 година постоеле ГПС-уреди за обичниот корисник, но со рестрикција во точноста на сигналот (Селецтиве Аваилабилитѕ), каде грешките биле од 150 до 200 метри во хоризонталната проекција, а во вертикална проекција не може да се говори за никаква точност бидејќи многу ја надминува хоризонталната грешка. Рестрикцијата била да се избегне опасноста од терористички напади. По 2000 година оваа бариера е отстранета и веќе може да се говори за некоја точност од 5-15 м. и тоа зависи од видот на ГПС-уредот, условите на теренот и распоредот на сателитите во дадениот момент на снимање. Овие податоци се однесуваат на вообичаените ГПС-уреди. За зголемување на точноста на ГПС сигналот се воведуваат базни станици т.н. ДГПС (Дифферентиал ГПС) каде точноста се зголемува до 1 см. ГПС-уредот претставува приемник кој ги прима податоците од сателитите за положбата во просторот. Теоретски во просторот ГПС-от може да се позиционира со 3 сателити (Сл. 2) со тоа што го одредува растојанието до сателитите врз база на времето потребно сигналот да пристигне од сателитот до приемникот. Врз основа на тој податок автоматски се пресметува хоризонталната положба, но за да се определи З (надморската висина) потребен е и четврт сателит. ГПС-уредите всушност работат со 4 сателити, но не и со повеќе. Постои такво мислење дека ГПС-уредот е толку подобар доколку работи со повеќе сателити, но всушност ГПС-уредот работи само со 4 сателити. Таа забуна настанала со податокот со колку канали работи ГПС-от. Старите мултиплекс ГПС-уреди кога го пребаруваат опсегот на сателити го одбираат најјакиот сигнал и со него работат. Доколку сигналот се изгуби од некој од сателитите заради некоја пречка, да речеме крошна од дрво, многу потешко ќе се позиционира на терен и времето за позиционирање се разбира ќе биде подолго при што се губат многу важни податоци во моментот во кој би требало да се снимат. Кога се користат новите (мултѕцханел) ГПС-и работата е многу поедноставена бидејќи работат со повеќе канали, тоа значи дека за време на веќе „уловените” сателити, на другите канали ГПС-уредот следи други сателити и доколку го снема сигналот, заради некоја пречка, на еден од сателитите, тогаш автоматски го заменува сигналот со најјакиот кој е на ред и не се губи време и податоци. Според намената, опциите кај ГПС-уредите се делат на: 1 основни и 2 специјални Специјалните можат да бидат најразлични и нема граница колку различни опции можат да содржат. Најскапите одат до таму што имаат сопствен софтвер со интегрирани карти каде може да се исклучи преносот на податоци во компјутер. Тие функционираат самостојно. Пред да се излезе на терен треба да се извршат основни подесувања (сеттингс) на ГПС-от (основни опции): 1 подесување на координатниот систем (влезни податоци) 2 подесување на земјината проекција (влезни податоци) 3 подесување на хоризонтални координати (излезни податоци) 4 подесување на вертикална елевација (излезни податоци) 5 текстуален дел – задавање на атрибути на снимените подрачја 6 подесување на единици мерки во кои ќе се прикажуваат податоците Во зависност од стандардите и вообичаената пракса, се подесуваат основните параметри за координатен систем ( геодетски, математички…), мерни единици итн. Стандардизирана проекција во сите ГПС-уреди е ЊГС-84, а исто така таа претставува стандард во светската картографија. Во зависност од ГПС-уредите имаме најразличен дијапазон на проекции, понекогаш ја нема Гаус Кригеровата проекција (која се користи кај нас), па затоа треба да користиме посреден софтвер за конвертирање на една проекција во друга. Дипл. инж. ИВАН МИНЧЕВ ГПС ВО АВИЈАЦИЈАТА, ПОМОРСКАТА НАВИГАЦИЈА, ПЛАНИНАРСТВОТО… Во секојдневната пракса ГПС-уредите нашле голема примена и тоа во комерцијалната авијација, поморската навигација, автомобилската навигација и дури во планинарството, ловот и др. ГПС-уредите главно можат да се поделат на два дела и тоа рачни ГПС-уреди и ГПС-уреди фиксирани во возила (автомобил, велосипед, авион, брод и т.н.). Првите имаат голема примена во некомерцијалните рекреативни активности како планинарење, лов и др. Тука ГПС-уредот може да го позиционира корисникот во просторот во било какви временски и релјефни услови на теренот. Во денешно време се многу популарни и прилично достапни за обичниот корисник, нивната цена е ниска и достапна за сите. Значи секој оној кој што сака да излезе во природа и да истражува непознати предели, може да го користи овој систем многу едноставно. Секако треба да се поседува и мапа од соодветниот предел и да се внесат маркантните точки од теренот и потоа останатата работа ја врши ГПС-уредот, го покажува правецот, растојанието, разликата во надморските височини и други елементи на рутата. Може да се сними поминатата патека и повторно кога се посетува саканиот објект ГПС-уредот ја покажува изминатата патека и може да се движиме по истата патека. Слично работат и ГПС-уредите фиксирани во автомобилите, авионите и бродовите. Единствената разлика е што се фиксни. Во автомобилската индустрија при изработката на новите автомобили како неизбежен и важен дел се јавуваат ГПС-уредите. Тука тие се надополнети со специјализиран софтвер на кој се надоврзани и многу авто-карти. Со тоа во голема мерка се олеснува навигацијата по патиштата, каде уредот ја покажува позицијата на возилото и може да дава солуции каде да се движи возилото и ја пресметува најкратката патека по која може да се стигне до посакуваното место. Тука преовладуваат ГИС апликации во кои можат сите тие работи да се пресметаат на најлесен можен начин. Во светот постојат агенции кои вршат мониторинг на возилата, кои го поседуваат овој систем за навигација и доколку возилото е украдено или изгубено може многу лесно да се лоцира.