Повелете. Грчка мусака, најдобрата
За да биде како што треба да биде потребни ви се: компири, црни домати, лук и кромид, маслиново масло, оригано, доматно пире, цимет, путер, брашно, млеко, 2 јајца и пармезан
За 4 особи – 1 кг кромпир, околу 350 гр црн домат, 1 кромид и 2 парчиња лук, 4 лажици маслиново масло, 500 грама мелено јагнешко или јунешко месо, 3 стебла оригано, 500 грама доматно пире, половина лажица цимет и 2-3 поголеми домати, 2 лажици путер, 2 лажици браѓно и 350 грама млеко, една супена лажица зеленчуков зачин, 2 јајца и 75 грама пармезан.
1. Кромпирот, без да се излупи, варете го околу 20 минути. Црниот домат по миењето исечете го на тенки парчиња, оставете го на хартиена салвета да се суши 15 минути, а потоа испржете го на жешко масло а потоа зачинете го со малку бибер. Лукот и кромидот исечете го на ситни парчиња. По варењето, извадете го компирот и измијте го со ладна вода.
2. Една лажица од маслиновото масло загрејте во тавче и потоа ставете го меленото месо, лукот и кромидот, заедно со ориганото и по желба малку бибер. Замешајте го со доматно пире и пржете го 5 минути, додајте цимет и измешатјте ја смесата. Компирот исчете го на кришки а доматиот на кругови.
3. На умерена температура стопете го путерот, измешајте го брашното и кусо време испржете го. Без да запирате со мешање на смесата ставете го млекото, 250 грама вода и зеленчуковиот зачин за супа, потоа ставете сол и бибер по желба. Измешајте ја смесата и варете 5 минути. Тргнете ја смесата од топлата рингла, и измешајте ја добро.
4. Подгответе го садот за печење. Дното и ивиците одвнатре премачкајте ги со маслиново масло. Прво наредете го компирот, а потоа распоредете го месото, а врз тоа наредете го срниот домат и доматите кои претходно сте ги подготвиле. Откако ќе завршите, мусаката прелијте ја со белиот сос претходно подготвен, и најпосле ставете го пармезанот преку целата површина. Печењето е во рерна, на околу 175 степени, 40 минути. Уживајте.