x

Победничко деби на Секуловски на клупата на Брегалница

penal

Мане Секуловски со триумф ја стартуваше својата авантура како тренер на екипата на Брегалница. Штипјани на чело со својот нов тренер предмалку триумфираа на гостувањето кај Плачковица со конечни 1:3, и на тој начин што се вели им се вратија на победите.

Творци на победата беа Мартин Стојанов кој погоди два пати еднаш во 12. минута за почетно водство, а потоа и во самиот финиши за да ја потврди победата. Иксусниот Ристе Наумов исто така се запиша во листата на стерелците.

Тиквеш пак направи кикс на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф каде што одигра само 1:1, и направи чекор назад во обидот сезонава да заврши прв на табелата.

Кочев ги донесе домашните во водство од 1:0 во 23. минута, а само десетина минути подоцна Ѓорѓи Мојсов израмни на 1:1. И покрај шансите на двете страни, резултатот до крајот остана ист.

Резултати Втора лига Исток 11. коло.

Плачковица – Брегалница 1:3

Кожуф – Тиквеш 1:1

Каменица Саса – Слога Виница 2:0

Осогово – Кит Го 1:0

Росоман – Победа 1:0

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата