Дека коронавирусот на ги напаѓа само старите лица потврдува и приказната на едно младо тричлено семејство од Белград, објавена во тамошните медиуми како исповест како го победлиле смртоносниот коронавирус. Не било поштедено од вирусот ниту тринаесетмесечното бебе кое го имало младиот брачен пар.

Во битката која ја водело семјството против смртоносниот вирус со кој се бори целиот свет прв чекор бил карантинот откако ги детектирале симптомите. Мажот кој бил во Милано прв ги манифестирал симптомите десетина дена по враќањето, што било сигнал семјството да се изолира. Излегувала само жената до продавница и аптека по неопходна набавка на храна и лекови. Тоа го правел со маска, а кога и таа била зафатена од симтомите почнале со он-лајн набавки. Сите анализи освен оние во институтот Торлак ги правиле дома со стручни лица од приватни лаборатории кои доаѓале во домашна посета.

Битката со вирусот ова семјство ја добило на различити начини. Мажот користел антибиотици кои и понатаму ги зема во комбинација со антивиротици и парацетамол. Бебето поминало без лекарства, а мајката без антибиотици. Сите тројца користеле исхрана со која одржувале силен имунитетот.

Во исхраната користеле сок од свежа малда зелка, џумбир и мед со кој ја одржувале силна плуќата, какао за да не бидат анемични, пивски квасец и витамин Б. Сето ова го припремале и дисциплинирано го користеле за добар имунитет кој им помогмнал во суровата битка против коронавирусот од која деновиве шивитната битка ја губат илјадници луѓе ширум светот.