Меланија Трамп се појави на последната дебата пред претседателските избори за да го поддржи својот сопруг. Втората и последна дебата пред претседателските избори во Америка, меѓу претседателот Доналд Трамп и претседателскиот кандидат Џо Бајден, се одржа во Нешвил, а членовите на семејствата се појавија со поддршка.

Меѓу првите пристигна Меланија Трамп, која блесна во волшебен црн фустан и за кратко го украде вниманието на претседателските кандидати.

Првата дама на САД Меланија Трамп е родена во 1970 година во градот Севница во Словенија. Нејзиниот татко бил сопственик на галерија со автомобили и мотоцикли и член на Словенечката комунистичка партија, а нејзината мајка дизајнер на детска облека. Меланија има сестра Инес и полубрат.

Својата манекенска кариера ја започна на 16 години, а веќе на 18 години го потпиша својот прв договор со агенција за моделирање во Милано.

Студирала дизајн и архитектура на Универзитетот во Љубљана, а потоа станала позаинтересирана за модата. Таа зборува дури пет јазици: словенечки, српски, француски, германски и англиски. Покрај нејзината манекенска кариера, таа дизајнираше неколку свои креации, а потоа и колекција на накит и производи за нега на кожата. Од почетокот на нејзината кариера, таа беше на насловните страници на бројни модни списанија.

Доналд и Меланија Трамп започнаа врска во 1998 година, а се венчаа во 2005 година. Една година по бракот, таа доби американско државјанство, а во март 2006 година се роди нивниот син Барон.