x

Победникот на Ролан Гарос работи во супермаркет за плата од 450 евра

Германскиот тенисер Кевин Кравиц (28), кој сензационално го освои Ролан Гарос со својот сонародник Андреас Мис (29), поради кризата предизвикана од коронавирусот работи во супермаркет.

„Јас веќе неколку недели работам во супермаркет за плата од 450 евра. Полнев полици со колбаси и сирење, класифицирав производи, дезинфицирав коли, па дури работев и како чувар на влезот”, изјави Кравиц за „Шпигел“.

Еден негов пријател му кажал за недостиг на персонал во еден супермаркет во Минхен, па решил да се јави за да му помогне на својот град.

„Веќе некое време, планирав да работам обична работа, а коронавирусот ми даде можност да го постигнам тоа“.

Кравиц го освои Ролан Гарос заедно со Мис минатата година во игра на двојки, а во моментов е 13. тенисер во светот во игра на двојки.

„Тренирам три или четирипати неделно и чекам сезоната да продолжи“, додаде тој.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата