Фудбалерите на Њукасл го победија ВБА со 2:1 во вториот саботен меч од англиската Премиер лига и стигнаа до втората едноподруго победа, а екипата од Бирмингем го впиша осмиот пораз.
Домашните стигнаа до предност во првиот напад, на асистенција на Жоелинтон погоди Мигел Алмирон и тоа по само 20 секунди. Тоа е и вториот најбрз гол во историјата на Премиер лигата (точно 19,98 секунди), а првиот е дело на Алан Ширер по само 10,52 секунди на дуел со Манчестер Сити во 2003 година.