x

ПМФЛ – 3.КОЛО: Силекс си го “ИЗДЕЛКА“ Вардар, триумф на Струга ТЛ, без победник во Битола

vardar-sileks-9

Лесно, очекувано, Силекс го победи Вардар со 4:0 во меч од 3.коло во ПМФЛ, и покажа кој е кој во моментов во мак – фудбалот. Драшковиќ, Ивановски, Георгиев и Ѓуриќ беа стрелците за трите бода на момците на Горан Симов кои се вратија на лидерското место на табелата.

Во текот на целиот меч, одигран на Арената во Скопје, Силекс просто доминираше против Вардар кој немаше сила за нешто повеќе.

Попладнево се одиграа уште два меча од 3.коло. Во Битола во не толку квалитетен меч Пелистер и Работнички одиграа без голови.

Додека во Струга, домашниот тим со голот на Ристевски во финишот на мечот успеа да го победи Борец, ова е првата сезонска победа на екипата на Струга Трим Лум.

Останатите три меча се одиграа во петокот и саботата.

РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – СИЛЕКС 0:4

(/Драшковиќ 3., Ивановски 52., Георгиев 64., Ѓуриќ 88.)

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0:0

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1:0

(А. Ристевски 81./)

БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 0:2

(/Дарбо (п) 89., 90+3/)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0:1

(/Ибраими (п) 86.)

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ 2:0

(Селмани 4., Јашаровски 90+3.)

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата