x

ПМФЛ – 29. СЕЗОНА: Скопје, Тетово и Струмица со градски дербија, титули…

brojki-nova-sezona

Викендов стартува новата сезона во ПМФЛ и веднаш да кажеме дека по пауза од неколку години, во оваа повторно ќе имаме 12 клубови, и повторно ќе се игра 33 кола или по трикратен систем. Секој со секого дома – гости, за да во третиот круг одиме на “бергеров“ систем.

Вардар, Шкендија, Силекс, Работнички, Шкупи, Ренова, Македонија ЃП, Струга Трим Лум, Борец, А. Пандев, Беласица и Пелистер, тоа се прволигашите кои во сезоната 2020/21 ќе атакуваат на тронот.

Како што гледате од екипите ќе се изнагледаме градски дербија и тоа неколку скопски, потоа тетовски и по пауза од една година струмичко, кое пред две сезони беше супер – интересно кога играа “пандевци“ и Беласица.

Кога сме кај титулите се знае кој е најтрофеен, а тоа е Вардар со десет пехари, втор е Работнички со четири, Шкендија, Силекс и Шкупи (Слога Ј) имаат по три, Победа две, а Ренова и Македонија ЃП по една. Од овие клубови само прилепчани ќе ги нема во елитата.

Во изминатите сезони еве кој се беше првак во историјата на Македонија:

1992/93: Вардар

1993/94: Вардар

1994/95: Вардар

1995/96: Силекс

1996/97: Силекс

1997/98: Силекс

1998/99: Шкупи (Слога Ј)

1999/00: Шкупи (Слога Ј)

2000/01: Шкупи (Слога Ј)

2001/02: Вардар

2002/03: Вардар

2003/04: Победа

2004/05: Работнички

2005/06: Работнички

2006/07: Победа

2007/08: Работнички

2008/09: Македонија ЃП

2009/10: Ренова

2010/11: Шкендија

2011/12: Вардар

2012/13: Вардар

2013/14: Работнички

2014/15: Вардар

2015/16: Вардар

2016/17: Вардар

2017/18: Шкендија

2018/19: Шкендија

2019/20: ///////////////

2020/21: ????

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата