x

ПМФЛ – 23. коло: Три пресметки во Скопје, им гори на „пандевци“…

Попладнево од 14 часот се играат сите пет натпревари од 23. коло. Познато е дека и овие денешни натпревари се играат без присуство на публика. Дербито меѓу Шкендија и Работнички се игра под Шара, а во Скопје ќе има дури три натпревари. На Арената лидерот Вардар, ја дочекува Струга Трим Лум,во меч во кој посакува да се врати на победничките патеки. Момците на тренерот Александар Васоски на последните два меча освоија само еден бод,среќа за нив што Шкендија остана на -8 бодови. Стружани денеска ја почнуваат ерата без Јетон Беќири, тренер кој по поразот минатиот викенд од Шкупи си поднесе оставка.

На Чаир гостува Силекс, тим кој заедно со Работнички оваа пролет не знае за пораз. Ова ќе биде силен тест за Шкупи, да се види на дело дали триумфот во Струга бил случаен или пак како резултат на подигање на формата. Кратовци доаѓаат во Скопје по нови бодови.

Во Ѓорче пак „ранетата“ Македонија ЃП игра со „херојскиот“ Борец од минатото коло. Велешани славеа над Шкендија со 4:2, сега се полни со самодоверба, сега се на „седмо небо“ и такви се најопасни. А познато е дека „лавовите“ на свој терен играат не така добро.

А. ПАНДЕВ МОРА, АМА БАШ МОРА, ДА ПОБЕДИ…

Звучи нестварно, но така е. Екипата на Академија Пандев веќе 11 првенствени натпревари нема забележано победа. И од екипа кој се вбројуваше како кандидат за титулата, дојде во тој степен да се бори жестоко дури и за опстанокот. Новиот тренер Александар Таневски во вториот обид ќе оди по деби триумф како стратег на „пандевци“. Ренова е таа, екипа која во неделата го „смачка“ Вардар, која треба да се мине ако сакаат струмичани одново мирно да дишат.

Во секој случај не очекуваат интересни пет натпревари, штета што и овојпат ќе се играат пред празни трибини.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 14 Ч

ШКУПИ – СИЛЕКС

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

А. ПАНДЕВ – РЕНОВА

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

 

ТАБЕЛА

  1. ВАРДАР 43
  2. ШКЕНДИЈА 35
  3. СИЛЕКС 35
  4. МАКЕДОНИЈА ЃП 29
  5. А.ПАНДЕВ 28
  6. ШКУПИ 28
  7. РЕНОВА 28
  8. СТРУГА ТЛ 25
  9. РАБОТНИЧКИ 25
  10. БОРЕЦ 24

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата