x

ПМФЛ – 22.коло: Лидерот под Шара, жешко ќе биде во Кратово

Попладнево се играат четири меча од 22.коло во нашата фудбалска елита. Вчера Работнички си ја заврши својата работа, славеше над „пандевци“ со 1:0.

Денеска се чини најинтересно ќе биде под Шара, каде забревтаната Ренова, која има две победи во серија, го дочекува Вардар. Лидерот е пред голем предизвик, ако сака во најмал случај да ја задржи таа бодовна предност од осум бодови во однос на Шкендија, секако дека треба и мора да победи. Во спротивно разликата ќе се намали, имено тешко е за верување дека тетовци одново ќе кикснат во Велес. Значи Ренова може, а Вардар мора. Да споменеме дека за разлика од Ренова, Вардар е одморен, немаше куп обврски во средата.

СИЛЕКС НЕ ПРОСТУВА НИКОМУ…

Кратовци не кријат, сакаат да триумфираат и над „лавовите“. Момците на Горан Симов во последно време играат во одлична форма, не знаат за пораз којзнае од кога. Но време е за победа, на последните два меча тие ремизираа со Шкендија и со Струга ТЛ. Во Кратово домашниот Силекс не простува никому, па тешко ќе и биде на Македонија ЃП да дојде до некој бод, но не и невозможно. Голема неизвеснот, голема борба се очекува на мечот меѓу Струга ТЛ и Шкупи. И двете екипи не се во најдобра форма пролетва, па така кој ќе загуби на денешниот дуел ќе си има проблеми во продолжение од првенството во битката за опстанок. 

 

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 14 Ч

БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

РЕНОВА – ВАРДАР (13 Ч)

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ 1:0

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата