x

ПМФЛ: Шкупи има “комплекс“ – Вардар, „романтично“ под Шара, Борец убедлив со “пандевци“, реми во Битола

vardar-skupi-4

Попладнево се одиграа преостанатите четири средби од 5. коло во ПМФЛ.

Вардар одличен, со голот на Матеј Цветаноски успеа да го победи големиот фаворит Шкупи. Овој Вардар не го кажал последниот збор, одличени беа момците на Васоски.

Работнички со голот на Петар Петковски во 78.минута дојде до првата гостинска победа, и тоа на гости кај Ренова. Заслужен триумф на “романтичарите“.

Во Велес ништо ново. Борец ја продолжува агонијата на Академија Пандев, триумф од 2:0 со головите на Фернандо и Прелчец.

Во Битола без голови, Пелистер и Македонија ЃП по многу борба на крајот мораа да се задоволат само со по бод.

РЕЗУЛТАТИ – 5.КОЛО

ВАРДАР – ШКУПИ 1:0

(Цветановски 52./)

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 0:1

(/Петковски 78.)

БОРЕЦ – А.ПАНДЕВ 2:0

(Фернандо 70., Прелчец 78./)

ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:0

ВЧЕРА:

БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА 0:3

(/Тотре 54., Ибраими (п) 83., 86.)

СТРУГА ТЛ – СИЛЕКС 2:0

(Лена 79., Миленковски 89.)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата