x

ПМФЛ: Шкендија го дочекува Силекс во дербито, “пандевци“ на гости кај “романтичарите“…

najava-skendija-totenhem

Денеска и утре ќе се одиграат натпреварите од 8. коло во ПМФЛ. Супер – дербито се игра во Битола, и тоа утре, Пелистер под “Тумбе Кафе“ го дочекува Вардар, но денешното дерби се игра под Шара каде Шкендија како лидер ќе го нагости тимот на Силекс кој е во црна серија со неколку порази по ред. Се чини дека ова е шансата лидерот со триумф да им избега на кратовци дури десет бода, и во некоја рака да ги отпише како против кандидат за титулата. По традиција Шкендија редовно си го “мачка“ Силекс, но време е конечно да им тргне и на момците на Горан Симов. Овие две екипи досега одиграле 46 официјални меча, 30 победи за Шкендија а по осум ремија и триумфи на кратовци.

Едноставно Шкендија сака да игра со Силекс, барем според традицијата…

Работнички на денешниот меч со А. Пандев ја посакува својата трета победа сезонава, овој натпревар се игра на “Борис Трајковски“ во скопско Маџари. Интересно ќе биде во Ѓорче каде играат екипите кои се во одлична серија, Македонија ЃП и Струга ТЛ. Стружани најавуваат нова победа, а “лавовите“ останаа без својот голем талент Сефер Емини кој направи трансфер во Русија.

РЕНОВА ЌЕ СЕ “ВАДИ“ ВО СТРУМИЦА, КАРАН СО НОВО ДЕБИ НА ЧАИР…

Како што е редно Силекс да покаже што може, тоа истото се очекува и од Ренова која во изминатите четири меча доживеа четири порази. “Гипсарите“ и гостуваат на Беласица, екипа која оваа сезона служи само за поправање на гол – разликата на нејзините ривали. Овој меч Ренова како знае и умее мора да го добие.

На Чаир пак Шкупи со старо – новиот стратег Умит Каран треба да покаже дека може да се најде јунак за да го победи Борец, кој досега е најпозитивното изненадување во Лигата. Велешани се тврд орев, но Каран на промоцијата најави дека овој тим на Шкупи има шампионски потенцијал.

Па да видиме дали е во право.

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ

ШКУПИ – БОРЕЦ

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА

УТРЕ – 15 Ч

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата