x

ПМФЛ: Фудбал за ИНФАРКТ на Чаир со крајни 4:3, Шкендија со нови три бода, Борец го шокираше Кратово…

skupi-renova-2

Каков меч на Чаир. Ова досега ретко го имаме видено. Прекрасно, фантастично, со ревија голови, со победа на Шкупи преку Нето во 95.минута.

Уф, секоја чест за чаирчани и Ренова

Шкендија со 2:1 славеше на А. Пандев. Два гола на Ибраими, гостите погодија преку Сашко Пандев, тргнаа по бод, но не успеаја во тоа.

Брец со гол во 90.минута преку Ѓорѓиев успеа да победи среде Кратово со 2:1. Силекс и дефинитивно е во криза

Пелистер со головите на Нето и Фазлиу ја продолжи агонијата на Беласица. Струмичани сега имаат неверојатни шест порази на сите шест меча сезонава.

РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО

ШКЕНДИЈА – А.ПАНДЕВ 2:1

(Ибраими 38., (п) 74./ С. Пандев 78.)

СИЛЕКС – БОРЕЦ 1:2

(Х. Гроздановски 21./Стојменовски 63., Ѓорѓиев 93.)

ШКУПИ – РЕНОВА 4:3

(Дарбо 1., Бериша 33., Јусуфи 75.. Нето 95/Велија 5., Шаља 42., Велиу 66.)

БЕЛАСИЦА – ПЕЛИСТЕР 0:2

(/Нето 10., Фазлиу 60.)

ВЧЕРА:

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 2:1

(Калид 2., 45./Лазаревиќ 12)

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1:1

(Тошевски 87.,/Цветаноски 78.)

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата