x

ПМФЛ: Во Кратово гостува забревтаната Македонија ЃП!

kratovo-stadion

Денеска од 13.30 часот во последниот меч од 11.коло во ПМФЛ, во Кратово кај Силекс гостува екипата на Македонија ЃП. Веројатно најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната. “Лавовите“ од Ѓорче се трети на табелата, веднаш зад Шкендија и Шкупи, и со победа во Кратово секако дека ќе им се приближат на фаворитите на титулата, или пак ќе се зацврстат на третата позиција.

Сепак Силекс е Силекс, тешко се игра во Кратово, посебно кога на домашниот тим му требаат бодовите, а секако дека му требаат. Во случај на пораз составот на Горан Симов ќе се најдат во непријатна ситуација, па така за неколку месеци од наш претставник во Лигата на Шампионите би можеле да се борат дури и за избегнување на опасната зона.

Што се однесува до традицијата кога играле овие две екипи во споледно време, одиграни се 11 официјални натпревари на кои кратовци имаат подобар биланс. Имаат четири победи, пет ремија Македонија ЃП победила во два наврати. Гол разликата е 15:13 за Силекс. Интересно, на последните четири меча и двете екипи имаат по две победи.

Во секој случај се очекува тврда, борбена, агресивна и жестока битка.

Кога сме кај тренерите да споменеме дека Горан Симов, стратегот на Силекс, некогаш беше голман и капитен на “лавовите“, а тренерот на ѓорчепетровци Жикица Тасевски, пред две години беше шеф на струката на Силекс.

Вчера се одиграа останатите пет меча од 11.коло во ПМФЛ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата