БИТОЛА.- Незадоволни од начинот на кој републичките инспектори на Управата за јавни приходи минатата недела во Битола извршија контрола во повеќе продавници, кафулиња и киосци и донесоа решенија за затворање на на педесетина од нив, вчера стотина приватници организираа јавни протести низ битолската чаршија. Меѓу нив најмногубројни беа оние чии дуќани се пломбирани на 30 дена. Малостопанствениците откако мирно протестираа низ градот поминувајќи и низ неговата главна улица, се собраа пред зградата на Подрачната единица на Министерството за финансии искажувајќи револт со свирежи и повици дека врз нив неправилно се донесени ригорозни казнени решенија. На крајот од мирниот протест тие изјавија дека денес нема да протестираат бидејќи во Битола е пазарен ден, но за утре напладне закажаа повторни протести низ битолската чаршија. (П.С.)