x

Плејмејкерот на Вашингтон ги загуби нервите и влезе во дуел со противнички навивачи (ВИДЕО)

Плејмејкерот на Вашингтон, Исаја Томас ги загуби нервите во мечот против Филаделфија (108:125) и отиде на трибините да се расправа со двајца противнички навивачи кои го навредуваа. Немаше физичка пресметка, туку вербален дуел, во кој кошаркарот им посочил дека нивното однесување не е пристојно.

За истото, секако, двајцата навивачи беа отстранети од трибините, додека за него заврши натпреварот.

„При изведувањето на слободните фрлања, кое првот го промашив, а второто го погодив, еден од нив ми ги покажа двата средни прста и извикуваше кон мене ’Е*и се к*рво’. Отидов и му кажав да не го прави тоа и да не покажува такво непочитување затоа што прво сум маж, а тој треба да биде навивач. Неговиот одговор беше ’извини само сакав сладолед’, па претпоставив дека доколку гостински играч ги утне и двете слободни фрлања целата сала добива сладолед или такво нешто…

Мислам дека такво нешто не треба да биде дозволено. Навивачите смеат што сакаат да им довикуваат на играчите, но не сакам никој така да ме нарекува, јас тоа не би го направил на друг. Имам семејство, деца и тоа не е во ред“, смирено коментираше по мечот Томас.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата