Состојки:
– 2 тиквички
– главица кромид
– 1-2 чешниња лук
– 100-200 г фета сирење
– 1 јајце
– брашно
– зачини
– магдонос
Приготвување:

1. Излупените тиквички изрендајте ги и оставете ги некое време да се исцедат. Додадете им малку сол, за побрзо да пуштат течност.
2. Кога ќе бидат добро исцедени, додадете им рендан кромид, ситно исечкан лук, фета, сечкан магдонос, црн бибер, сол и 1 јајце.
3. Измесете ги сите состојки и по потреба додавајте брашно додека добиете смеса од која може да се прават ќофтенца.
4. Изматете 1 јајце, па секое ќофтенце ставете го во јајце, потоа во лебни трошки и пржете ги во добро загреано масло. Наместо со јајце, може да ги извалкате само во брашно. По пржењето ставете ги на хартија за да се впие маслото.
5. Може да ги послужите со павлака во која сте додале ситно исечкан лук.