Платите на вработените во рафинеријата ОКТА ќе се зголемат за шест проценти. Ова е предвидено со колективниот договор во компанијата, соопштува Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство(СИЕР). Оттаму велат дека со раководството заеднички ги усогласиле деталите од колективниот договор, во кој е регулирана и исплатата на регресот за годишен одмор како и награда за Велигден и Божиќ.
“Комисија во која членува претставник на Бордот на директори, синдикалец и стручно лице е задолжена да следи дали се применува колективниот договор”, велат во СИЕР. (Р.Ј.Н)