x

Платини: Искрено, ја очекував смртта на Марадона

en0d1w4uyaacc43

Поранешната фудбалска ѕвезда на Франција и екс-претседател на ФИФА Мишел Платини го искритикува Диего Марадона за неговото однесување во последните години од животот. Платини вели дека после се што му се случувало на Марадона во последните години очекувал дека тој бргу ќе умре.

Тоа е голема загуба за фудбалот и голема тага, меѓутоа после се што мy се случуваше во последните години тоа и го очекував. Се подготвив за овој момент, се подготвив за денот кога на радио ќе ја чујам смртта на Марадона“, изјави Платини во интервју за „Екипи“.

Платини појаснува дека кога го видел Марадона дека не може да зборува и едвај се движи, тој знаел дека нештата не одат во добра насока.

Ги очекував лошите вести. Знам дека е тажно, затоа што овој момент ти ги расклопува срцето и главата. Потоа се појавува чувство на носталгија и мелахонија“, додаде Французинот.

Во врска со неговиот хаотичен личен живот, Платини жали што Аргентинецот бил опкружен со лошо друштво.

Не го обвинувам за неговите грешки, туку оние околу него. Сите околу него добро го искористија и не му помогнаа да се опорави. Жал ми е  поради тоа. Марадона беше голем фудбалер, фудбалски Бог. Аргентина прогласи тридневна национална жалост. Мислам дека јас или Зидан кога ќе починеме нема да има тридневна жалост во Франција“, заклучи француската легенда.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата