На еден француски пар му се случи нешто неверојатно.

Тие купиле „мачка од Савана“ за 6.000 евра но се шокирале кога дознале дека наместо мачката добиле тигарче.

Двојката од градот Ле Авре, Нормандија, платила за мачето откако виделе оглас на интернет. Неколку дена не забележаа дека наместо Савана, тоа е тигар од Суматра и веднаш ја контактираа полицијата.

Детали за случајот се појавија откако обвинителите подготвија извештај објавен оваа недела, две години по фаќањето на тигарот. И покрај очигледните разлики, парот тврдеше дека неколку денови не сфатиле дека дома имаат мало тигарче.