Одделението за криминалистичка полиција Штип поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 24.03.2020 пријавениот побарал интервенција на полиција, a по пристигнување на полициските службеници на местото на настанот, пријавениот, кој бил под дејство на алкохол, почнал агресивно да се однесува и физички нападнал еден од полициските службеници.

извор: Makfax