Доцна синоќа во 2 часот, пред угостителски објект на улицата „Димитрие Чуповски“, приведен е 25-годишник од Скопје, со иницијали В.С..

Според информациите од полицијата, тој во алкохолизирана состојба физички нападнал полициски службеник додека вршел службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

извор: Makfax