Кумановец во алкохолизирана состојба омаловажувал полициски службеници и нападнал полицаец во станицата во Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. 

-Денеска, петнаесет минути по полноќ, во полициската станица Куманово дошол 40-годишниот  Г.С од Куманово кој бил во алкохолизирана состојба. Ги омаловажувал полициските службеници, а и нападнал полициски службеник, при што  бил лишен од слобода, се наведува во соопштението на кумановската полиција.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.