Пиштол “Walther PP” кој Шон Конери го користел во првиот филм за Џејмс Бонд продаден е на аукција за 256 илјади долари, надминувајќи ги очекувањата, соопштила аукциската куќа “Julien’s Auctions”.

Шкотскиот великан Шон Конери починал на 31 октомври во својата куќа на Бахами во 90. година од животот.

Инаку, на истата аукција за 108 илјади долари продадена е кацига која Том Круз ја носел во “Топ Ган“, како и мечот на Брус Вилис кој е проценета на 35.200 долари.