Пицула се венча на брод на Кариби!
Градоначалникот на Велика Горица и поранешниот министер за надворешни работи на Хрватска, Тонино Пицула, минатата недела на Кариби се венча со својата десет години помлада свршеница Маријана Микиќ. Како што и ветија пред заминувањето, свечениот чин на венчавката го направија ептен романтично, на брод и тоа на Девствените Острови.