Потребни состојки:

За основата на питата:

6 зелени јаболка, излупени, без срцевина и тенко исечкани
5 круши, без срцевина и тенко исечкани
2 лажици свежо исцеден сок од лимон
140 г шеќер
50 г кафеав шеќер
1 лажица сенаменско брашно
1 лажичка цимет
За кремот:

100 г овес
100 г сенаменско брашно
½ лажиче цимет
200 г кафеав шеќер
110 г путер, стопен и оладен
1 лажиче екстракт од ванила
Начин на подготовка:

Најпрво загрејте ја ринглата на 175 степени Целзиусови.

За подготовка на основата:

Во голем сад за измешајте ги јаболката, крушите и сокот од лимон. Во помал сад измешајте го обичниот и кафеавиот шеќер, брашното и циметот. Со оваа смеса поросете ги јаболката и крушите. А смесата турете ја во тава во еднакви слоеви.

За подготовка на кремот:

Во голем сад, измешајте ги овесот, брашното, циметот и кафеавиот шеќер, а врз нив турете смеса од путер и ванила и мешајте додека не се изедначи смесата.
Смесата турете ја врз микстурата од јаболка и круши. Печете околу 40-45 минути или додека не добие златна боја.
Се сервира топло, а дополнително, по ваша желба можете да додадете сладолед, карамел сос или шлаг пена.