x

“Пиратите“ се засилија со Најдоски и Јанакиевски!

dino-najdoski

ФК Скопје, членот на Втората лига – запад се засили со две нови имиња во пресрет на стартот на сезоната, закажан за овој викенд. Тоа се Дино Најдоски и Иво Јанакиевски. И на двајцата последен клуб им бил Тетекс.

Дино Најдоски (28) и стопер, а во минатото играше и за Работнички, Вардар, Металург, Белинцона.

Додека Иво Јанакиевски (27), кој е играч за врска, има играно за Македонија ЃП, Силекс, Борец, Љубанци, Тиквеш, Металург.

Со нив двајцата, но и со останатите играчи што ги има на располагање, “пиратите“ се надеваат дека и во новата сезона ќе играат главна улога во западната конкуренција.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата