Пиратите киднапираа 19 членови на екипажот на танкер со сурова нафта кај Нигерија, изјави денес официјален претставник на бродскиот оператор.

Бродот бил нападнат 77 наутички милји од островот Бони пред два дена и екипажот бил киднапиран, изјави официјален претставник, пренесе „Ројтерс“.

Супертанкерот „Нејв констелејшн“, кој може да  превезе до два милиони барели нафта, пловел под знамето на Хонгконг.

Оператор на танкерот е грчката компанија за испорака „Навиос танкерс менаџмент“.

извор: Makfax