x

Пипо и Симоне братски си поделија по бод (ВИДЕО)

lazio-benevento

Браќата Пипо и Симоне Инзаги вечерва како тренери на два различни состави во Серија А одиграа без победник 1:1. Симоне и неговиот Лацио како фаворити допатуваа кај Беневенто на Пипо, но на крајот домашните успеаја да извадат еден бод, драгоцен во битката за пласман што подалеку од опасната зона за испаѓање.

Со погодокот на Чиро Имобиле во 25. минута, Лацио дојде во водство од 1:0. Сепак, Скиатарела во истекот на првото полувреме успеа да погоди за домашните и на полувреме да го врати мечот во егал, 1:1.

Во вториот дел за нијанса Лацио беше поконкретен, но како и двата тима да се плашеа да нападнат за победа.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата