x

Пингпонгарите на Младост 96 се есенски шампиони во државниот шампионат

mladost-96-ping-pong

По одигрувањето на последниот турнир од есенскиот дел на првенството во пинг понг во најсилната лига, екипата на Младост 96 од Прилеп со максимален учинок, девет победи од девет одиграни натпревари, неприкосновено го освои првото место. На второто место се наоѓа уште една прилепска екипа, Младост кои единствениот пораз во есенската полусезона го забележаа против градскиот ривал Младост 96.

Во последните две кола Младост забележа минимални победи од 4:3 против директниот конкурент за второто место штипски Шампион ФА и екипата на НЕЦ 2.

Сите натпревари од петте турнири кои се одиграа во СЦ Борис Трајковски, А1 арена максимално се почитуваа препораките за борба против корона вирусот.

Резултати

СУПЕР ЛИГА 8. КОЛО

Работнички – Вардар 3:4

Нец – Струга 4:0

Шампион ФА – Младост 3:4

Нец 2 – Радовиш 4:2

Младост 96 – Крива Паланка 2007 4:2

СУПЕР ЛИГА 9. КОЛО

Крива Паланка 2007 – Работнички 4:2

Радовиш – Младост 96 0:4

Младост – Нец 2 4:3

Струга – Шампион ФА 1:4

Вардар – Нец 4:1

Натпреварите од Супер лигата продолжуваат напролет. Следно на пинг понгарската сцена во есенскиот дел од сезоната се натпреварите од јуниорската лига и рангирните мастерс турнири во сите категории.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата