Во авионска несреќа во Пакистан минатата недела загинаа 97 луѓе, а најверојатно несреќата се случила по вина на  капетанот на авионот.

Тој се приближил до аеродромот во Карачи, но не пријавил дека не може да ја отвори опремата за слетување, па трипати удрил во пистата, изјави во четвртокот пакистанскиот министер.

Инспекторите ја отвориле снимката црната кутија од разговорот во пилотската кабина во остатоците од пакистанскиот „Ербас А320“ што се урна во станбена област во Карачи минатиот петок, соопшти портпаролот на авиокомпанијата.

Летот PK83030, кој доаѓал од правецот на Лахоре на исток, се урна додека се обидуваше да слета на пистата по втор пат.

Министерот за цивилно воздухопловство, Гулам Сарвар Кан, изјави пред новинарите дека моторите на авионот допреле тлото трипати за време на првиот обид за слетување.

„Пилотот не пријавил дека неговата опрема за слетување не се отвора. Тој трипати го допре теренот, трипати непрофесионално со своите мотори“, рече Кан.

„Сите траги се присутни (на пистата). Тој не беше на соодветна висина … Контролната кула го извести дека не е на соодветна висина, дека треба да ја намали висината”, рече тој, додавајќи дека пилотот одговорил: „Ќе се снајдам“

Според информациите објавени на страницата liveatc.net кои известуваат за воздушната комуникација, пилотот им рекол на контролорите „сега сме на сигурно“ за време на пристапот, но причината за оваа забелешка остави во прашање многу експерти.

Набргу откако моторите ја допреле пистата во првиот неуспешен обид за слетување, пилотот пријавил проблеми во одржувањето на надморска височина, а потоа рекол дека и двата мотори не успеале.

Инспекторите треба да прегледаат дали моторите се исклучиле поради судир со пистата по побрзото спуштање од нормалното. Во долниот дел на моторот, има клучни делови, вклучувајќи ги и помошните менувачи и хидрауличните пумпи, пишува Јутарњи.хр.

„Различни работи можат да му се случат на моторот ако ја допре пистата“, рече лице кое го знае дизајнот на авионот.

Моторите се направени од CFM International, француско-американска компанија со ко-сопственост на Сафран и Џенерал електрик и се меѓу моторите кои најчесто се користат во индустријата и се познати по нивната сигурност.

Црните кутии ќе ги прочита БЕА, агенцијата за воздушни несреќи во Франција, која ја истражува оваа несреќа под водство на Пакистан.

Експертите предупредуваат со сигурност дека е рано да се каже што ја предизвикало несреќата и потенцираат дека повеќето несреќи се случуваат поради мешавина на фактори.