Плескавиците можат да се прават од различни видови на месо.

Ова е рецептот за новиот деликатес со месо и печурки:

СОСТОЈКИ:

450 гр пилешко филе
1 главица кромид
140 гр шампињони
сол
бибер
масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА.

Пилешкото филе се сече на парчиња, се сечат и исчистениот кромид и шампињоните.
Сè се става во блендер, а се додаваат и зачините.
Од смесата се обликуваат мали плескавици (ќе излезат до 10, во зависнот од големината).
Пржете ги на загреано масло.
Послужете додека се топли, со прилог по желба.