x

Пик Сегед со опомена до ЕХФ по случувањата во Брест

pik-seged-e1587765946417

Пик Сегед одново е во карантин, откако три лица беа позитивни на Ковид-19. Унгарскиот состав не може глава да крене оваа сезона, одигра само три натпревари во Лигата на шампионите, а за ново заразените со коронавирус го обвини Мешков Брест и побара поголема одговорност од ЕХФ.

Пик Сегед на својата официјална страница излезе со соопштение во кое ја обелодени вистината за случувањата во Брест, сигурни се дека нивните членови се заразиле на овој натпревар кој се одигра пред шест дена.

Тврдат дека белорускиот состав постапил непрофесионални вечерта пред мечот ги известил дека имаат еден позитивен член, откако Пик Сегед испратиле писмо до ЕХФ во кое се барало да не се одигра овој меч поради можен ризик за ширење на вирусот, тие на неколку часа пред средбата во Брест добиле одговор дека во таборот на противникот сите се негативни.

Оваа информација била невистина бидејќи уште едно лице било позитивно, но ниту тоа не било доволно да се одложи мечот.

По враќањето во Унгарија, Пик Сегед поради празникот во нивната земја не можеле веднаш да се тестираат, тоа го сториле ден подоцна, по што било потврдено дека имаат тројца заразени со Ковид-19, истиот ден со информација за позитивни на коронавирус излегле и Мешков Брест. И двата тима се во изолација, а од таборот на Пик Сегед бараат поголема одговорност од ЕХФ во ваквите ситуации, бидејќи здравјето на играчите е најважно.

Истовремено бараат некој да превземе одговорност за она што се случувало во Брест.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата