x

Пик Сегед по третпат во карантин, Ковид-19 во Фленсбург и Штутгарт

pik-seged-e1587765946417

Пред продолжението на Лигата на шампиони, клубовите и натаму мака мачат со пандемијата коронавирус.

Најголем проблем од стартот на сезоната има Пик Сегед, поради нови позитивни случи, унгарскиот состав мора да оди во карантин и тоа по третпат. Веќе се одложени натпреварите против Комло и против Ференцварош во унгарското првенство, а под голем знак прашалник е дуелот со Елверум во Лигата на шампиони.

Ковид-19 има и во Фленсбург, според информациите од клубот, одложен е дуелот против Мелсунген. И во таборот на Штутгарт има корона, но тимот ќе го одигра мечот со Ерланген, првиот голман Јоханес Битер е позитивен, но тој немал контакт со останатите играчи.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата