x

Пикси ќе биде селектор на Србија!?

dragan-stojkovic-piksi

Како што попладнево и вечерва јавуваат медиумите во Србија, откако Љубиша Тумбаковиќ доби отказ, нов селектор на нашиот северен сосед ќе биде Драган Стојковиќ Пикси. Во “игра“ беа неколку имиња, како Владан Милојевиќ, Саво Милошевиќ, Вељко Пауновиќ, Рајмонд Доменег, Славиша Јокановиќ, но името на Пикси, посебно сега откако нема обврски во Кина и е слободен, изби на површина.

Од ФСС не демантираат дека се преговара со прославениот ас, еден од најдобрите фудбалери во историјата од овие простори, но велат дека до во следните денови ќе го објават името на новиот селектор.

Рековме веќе, одредени медиуми веќе го најавуваат Пикси за селектор како готова работа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата