Најверните фанови на фудбалската репрезентација на Шпанија се во голем шок, но не само поради непријатниот пораз од селекцијата на Хрватска во последниот натпревар од групната фаза на ЕП 2016.

Актуелниот европски шампион ја пропушти идеалната шанса да биде првопласиран во групата Д, а поради поразот од “коцкестите”, “црвената фурија” во 1/8 финалната рунда за противник ќе ја има селекцијата на Италија, кој сака да и се одмазди на Шпанија за поразот во финалниот натпревар од претходното ЕП во Украина и Полска.

Четата на Винсенте дел Боске е во центарот на фудбалското внимание и поради централниот дефанзивец Жерард Пике кој е фатен како покажува среден прст додека се интонираше шпанската химна.

Сепак, само неколку часа подоцна, репрезентативецот на Шпанија изјави дека само си ги пукал прстите и додаде дека нема потреба од измислување на некаков скандал.

Каков среден прст?! Само си ги пукав прстите, тоа е вообичаено кога се фокусираш на химната и на настапот. Немојте да измислувате скандали, изјави дефанзивецот.

Пике е роден во Барселона и многу е приврзан за Каталонија. Со ваквиот потег, дефанзивецот на каталонскиот гигант уште еднаш покажа колку ја мрази Шпанија иако игра за националниот тим.

Фудбалерот на Барса постојано повторува дека Каталонија мора да биде независна, дека не смее да биде дел од Шпанија, а поради таквите коментари, дефанзивецот на секој првенствен натпревар, освен на тие кои се играат на “Ноу Камп#, е “наградуван# со громогласни свирежи и навредливи транспаренти.