Предводникот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Зинедин Зидан, експресно му одговори на централниот дефанзивец на каталонскиот гигант Барселона, Жерард Пике, кој пред неколку дена изјави дека очекува неговиот тим да има среќа во нокаут фазата од Лигата на шампиони, каква што имаше “кралскиот клуб” изминатата сезона.

Ма, нека зборува тој што сака, ние сме тие кои ја освоија Лигата на шампионите. Така е тоа, некој ќе зборува во празно, а некој ќе освојува титули, изјави францускиот стручњак.

Актуелниот шампион на Шпанија за противник во групната фаза од ЛШ ги доби екипите на Манчестер Сити, Борусија од Менхенгладбах и Селтик.