Осигурителна компанија ќе мора да плати 1,18 милиони долари, поради загубите на пивница направени како резултат на мерките за карантин.

Германскиот суд донел одлука дека осигурителната компанија која стои зад еден пивницата во Минхен мора да исплати надомест за загубите предизвикани на почетокот на оваа година, поради карантинот воведен како мерка за заштита од коронавирусот.

Ова е прв ваков случај во Германија, во кој судот донесе пресуда во корист на обвинителот. Според извештајот на Ројтерс, „Versicherungskammer Bayern“ мора да плати 1,18 милиони долари на „Augustiner Keller“, еден од најголемите пабови во градот, според пресудата на Регионалниот суд во Минхен.

Одлуката е донесена на 1 октомври 2020 година. Осигурителната компанија соопшти дека ќе се жали на пресудата, додека германската лоби група „ГДВ“ соопшти дека пресудата во Минхен нема никакви импликации за другите нерешени случаи.

Постојат стотици слични тужби „на чекање“, откако многу осигурителни компании во Германија, одбија да им ги надоместат на компаниите загубите во карантинot, тврдејќи дека – иако ефектите од другите пандемии ќе бидат осигурани – „Kовид-19“ не е конкретно наведен во условите на договорот.