Пејачот Милош Бојаниќ го реставрираше омилениот автомобил на Јосип Броз Тито, кој веќе неколку години е во посед на фолкерот.

„Пакард“ од 1948 година, беше дел од возниот парк на југословенскиот доживотен претседател и еден од неговите омилени автомобили, а Бојаниќ сам го реставрираше откако го купи.

– Ги реставрирав деловите и изгледаат како да се нови. Се ми дојде од Америка и дел од Херцеговина. Секоја матица е обновена, јас работев на тоа континуирано една година, и вкупно три години, колку што траеше целиот процес – рече Милош.