Пејачката Катарина Грујиќ сакаше за нејзината песна да има уникатно видео во режија на познат фотограф и режисер, во кое ќе употреби пиротехнички средства и ефекти. Сепак тоа не помина добро за неа.

Во еден момент пејачката се допре до пламен од еден од факелите и претрпе изгореници, кои веднаш беа санирани во приватна клиника.

Во еден момент, додека снимањето се одвиваше, јас само почувствував неверојатна топлина и слушнав некој од тимот како вика „Внимавај!“ И тогаш видов дека пламенот на факелот зафати дел од мојата гардероба! За среќа, сите брзо реагиравме. Имам полесни изгореници  но нема да останат лузни.Се разбира, мило ми е што успешно го завршивме снимањето на видеото затоа што верувам дека оваа песна ќе стане вистински летен хит.  Мојата порака за ова лето е јасна: Не сакам да се дружам, сакам само да пијам! За сите оние кои сакаат слобода, забави, сонце, коктели … Или можеби се плашат од короната. Уживајте! “, рече Катарина.