Нина Бадриќ (48) рекла дека ситуацијата во која се наоѓа момнетално, како резултат на кризата заради пандемијата со корона вирусот, е многу лоша, како и дека не бара милост, туку само да и дозволат да пее. 

Повод за оваа нејзина изјава е најавениот масовен протест во Хрватска во кој ќе учествуваат пејачи, музичари, менаџери, организатори на концерти.

„Сигурно ќе бидам меѓу првите кои ќе одат на тој протест. Последните пет месеци немав никакви приходи, како јас така и моите 14 вработени“, рекла Нина и додала: Не бараме милостина, молиме да ни се овозможи да работиме.“