x

Пеце Стојчевски со жесток демант:“Гневен сум на изјавите на Благојче Главевски, Пелистер ги подмири сите обврски“!

 

Во Битола се дигна многу фама по одлуката на раководството на ФК Пелистер, да им се заблагодари на тројца свои искусни играчи и да се раздели со нив, додека четвртиот Горан Ганчев беше кооптиран во стручниот штаб. Да потсетиме дека Благоја Љамчевски, Антонио Бујчевски и Благојче Главевски не се веќе во Пелистер, а пред два дена во СПОРТМЕДИА токму Главевски посочи со прст кон челниците на клубот дека, во најмала рака, не биле доволно фер кон него и дека заборавиле на неговиот придонес во изминатата сезона.

По тој повод со реакција, се разбира за СПОРТМЕДИА, се јави и претседателот на ФК Пелистер Пеце Стојчевски,кој изјави:

„Како претседател на ФК Пелистер сакам да искажам гнев од она што прочитав во медиумите во однос на отпуштените играчи на ФК Пелистер и во целост да ги демантирам зборовите на Благојче Главевски.  Имено ние како клуб на најдобар можен начин се разделивме од овие играчи, им се заблагодаривме за досегашната соработка и им посакавме многу среќа и успех во понатамошната кариера. Ние како клуб сме презадоволни од тоа што тие досега го сработија во изминатиот период во ФК Пелистер. Од друга страна ние како клуб сите обврски кои ги имавме кон нив соодветно ги подмиривме,  и апсолутно немаме никакви други обврски кон истите играчи. За таа цел ние како клуб сметавме дека во овој момент нам ни се неопходни играчи со поголем квалитет за да бидеме поконкурентни во Првата лига, која оваа сезона ќе биде многу израмнета и релативно тешка за играње. Па затоа сметаме дека треба да донесеме и ангажираме фудбалери кои ќе го подигнат квалитетот, односно да го подигнат нивото на Пелистер, да го направат подобар тим, и како такви да придонесат за остварување на нашата цел во шампионатот во елитната лига“ изјави првиот човек на битолскиот прволигаш Пеце Стојчевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата