Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков гостувајќи во емисиката Патот кон на АлсатМ телевизија, порача дека тие како пртеници од опозицијата ги подржуваат и ќе продолжат да ги подржуваат реформските закони кои што се во насока на евроинтеграција на Македонија.

Пецаков посочи и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе подржуваат се што значи подобрување на стандартот и животот на граѓаните.

„Реформските закони, најголем дел не се носат со 61 или 62, точно се носат со

двотретинско мнозинство, меѓутоа сетоа она кое што е во насока на евроинтеграција на Македонија и подобрување на стандартот на граѓаните на Република Македонија а со тоа и животот на граѓаните, ќе биде подржано како што било подржувано и во минатото и тука не треба никој да има дилеми, затоа што посебно се наоѓаме во период кои што се нарекува Ковид криза во кој за жал никој не е одминат и токму мерките и сето она кое што треба да го носиме во наредниот период, треба да биде буквално донесено и посебно кога станува збор за реформски закони треба да биде донесено буквално од сите 120, а не дали ќе биде со 62, 65 или 68, рече Пецаков.

Што се однесува до предлогот од владејачккото мнозинство за онлајн седници, пратеникот пецаков вели дека во уставот  јасно е дефинирано дека уставна должност е секој пратеник да ги носи одлуките внатре во собранието, и посочи дека тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ и дека тие како пратеници од опозицијата нема да отстапат од тоа.

Пецаков посочи дека има и други начини како на пример, да завршува претресот по секоја точка и да се одредува ден кога што ќе се гласа.