x

Пех за Миовски во МТК, ја повреди задната ложа

Младиот Бојан Миовски пред две недели прејде од Ренова во унгарски МТК од Будимпешта ова лето. Клубот го пофали како перспективен фудбалер кој ќе биде големо засилување за клубот за новата сезона во која ќе играат во квалификациите за Лига Европа, но и добра перспектива за во иднина.

Но уште на стартот на подготовките со новиот клуб младиот фудбалер го снајде пех. Ја повреди задната лоша па ќе мора на неколкунеделна пауза. Не е прецизирано колку ќе биде но МТК сигурно се надева дека тој ќе се врати во август кога ќе се крои планот за квалификациите за Лига Европа.

МТК идната недела патува во Словенија каде ќе одработи дел од подготовките, а потоа се враќа во Унгарија каде ќе одигра два пријателски мечеви пред стартот на новата сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата